Делегации од Кабинетот на Претседателот учествуваа на чествувањата по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.

Делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, денеска положија цвеќе на церемониите што се одржаа во Скопје, во Куманово и во Прилеп, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.

Претставници на Кабинетот на Претседателот, исто така, присуствуваа на доделувањето на државната награда „11 Октомври” во Собранието на Република Северна Македонија.

Сподели: