Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Вила Водно, денеска го посетија група од над 50 граѓани, во рамки на активноста Отворен Кабинет.

Граѓаните имаа можност да се сретнат и лично да поразговараат со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, да ги посетат просториите во коишто се одвиваат официјалните средби, како и во салите во коишто се организираат свечености, настани и прес-конференции. Посетителите беа запознаени со историјатот на објектот во којшто е сместен Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија.

Денешната активност, која се организира по втор пат, е во рамки на реализацијата на проектот Отворен кабинет којшто ќе биде редовна пракса. Сите заинтересирани граѓани и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот, http://pretsedatel.mk/otvoren-kabinet/ ќе имаат можност да го посетат Кабинетот на Претседателот, да споделат свои идеи и предлози и да учествуваат во настани од јавен карактер коишто ќе бидат организирани во Кабинетот.

Сподели: