Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска, го прими пратеникoт во Собранието на Република Северна Македонија, Зеќир Рамчиловиќ.

Пратеникот Рамчиловиќ го запозна претседателот Пендаровски со неговите ставови и иницијативи во врска со учеството на помалку бројните етнички заедници во изработката на Законот за попис. Пратеникот Рамчиловиќ исто така го запозна Претседателот и со иницијативата за загарантирани пратенички места во Собранието за помалку бројните етнички заедници.

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, смета дека успешното спроведување на најавениот попис како и правото на фер, слободни и демократски избори, се важен фактор за европските интеграции на државата, а во функција на просперитетот на Република Северна Македонија.

Сподели: