Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими претставници на здружението Комитет за заштита на правата, како координативна организација на повеќе сродни здруженија.

На средбата претставниците на здружението го информираа Претседателот за своите активности и поднесените иницијативи за донесување и изменување на законски решенија поврзани со судските постапки.

Претставниците на здружението истакнаа дека за правната држава е посебно значајно донесувањето на Законот за преиспитување на докази и факти користени при донесувањето на судските одлуки, односно докази и факти кои потекнуваат од органите на прогонот.

Сподели: