Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими Анита Ангеловска-Бежоска, гувернер на Народна банка на Република Северна Македонија.

На средбата беа разменети мислења и информации за актуелните текови во монетарната политика, во банкарскиот сектор, како и за актуелните случувања во економијата.

Претседателот Пендаровски оцени дека Народна банка во досегашната работа покажа капацитет во постигнувањето на финансиската стабилност и одржувањето на сигурен банкарски систем, што во континуитет е позитивно оценувано и од страна на Европската комисија.

Претседателот Пендаровски изрази уверување дека ќе продолжи континуитетот на успешно водење на монетарната политика, преку одржувањето на ценовната стабилност и дека Народна банка ќе продолжи да придонесува кон одржување на стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем.

Сподели: