Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска, на нејзино барање, ја прими претседателката на политичката партија Глас за Македонија, Солза Грчева.

Грчева ги пренесе ставовите на нејзината политичка партија во врска со изборниот систем, финансирањето на политичките партии, и медиумското претставување на политичките партии во изборниот период.

Претседателот Пендаровски го повтори својот став дека дава поддршка на иницијативата на неколку политички партии, доставени во изминатиот период до Кабинетот на Претседателот, за изборниот модел преку измена на изборниот законик.

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, смета дека демократскиот развој, еднаквоста, владеењето на правото, и правото на фер и слободни избори, се важен фактор за европските интеграции на државата, а во функција на просперитетот на Република Северна Македонија.

Сподели: