Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, денеска упати известување до претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија, Илија Димовски дека доцент д-р Александар Спасов, од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е предложен како претставник на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија за член во Националниот совет за евроинтеграции.

Воедно, Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија бара разрешување на проф. д-р Иванка Додовска, која беше претставник во Националниот совет за евроинтеграции на претходниот Кабинет.

Сподели: