Во врска со написот со наслов „Пендаровски и Заев летаат со редовни линии оти владиниот авион е на сервис“ информираме дека Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски при подготовката на посетата на Брисел немаше побарано информација за владиниот авион, ниту воопшто имаше намера да го користи владиниот авион.

Изборот на начинот на патувањето на Претседателот и на членовите на Кабинетот во Брисел не зависеше од тоа каде се наоѓа и во каква состојба е владиниот авион. Билетите за комерцијалниот лет во економска класа беа резервирани веднаш штом беа договорени средбите и посетата на Брисел.

Сподели: