Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска се сретна со Илбер Села, директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше за условите во однос на примената на Законот за употреба на јазиците од страна на јавните институции во Република Северна Македонија.

Директорот Илбер Села го информираше претседателот Пендаровски за досегашните реализирани активности, како и за предизвиците и плановите на Агенцијата при спроведувањето на Законот. Тој го истакна значењето на примената на Законот од страна на институцијата Претседател на Република Северна Македонија и изрази очекување дека и други институции во државата наскоро ќе го приспособат нивното работење согласно Законот за употреба на јазиците.

Двајцата соговорници констатираа дека почитувањето на Законот за употреба на јазиците дава значителен придонес за развојот и негувањето на меѓуетничкиот соживот, како и во остварувањето на стратешките цели на Република Северна Македонија, полноправно членство во НАТО и Европската унија.

Сподели: