Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Јакуб Ал-Атики, aмбасадор на Државата Кувајт за Република Северна Македонија, со седиште во Софија.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Кувајт, при што беше изразена заемна подготвеност за продлабочување на соработката како на политички, така и на економски план.

Претседателот Пендаровски ја истакна потребата од унапредување на соработката меѓу двете држави, со внесување нови содржини и форми, а во функција на отворање на нови можности за зголемување на економската соработка, трговската размена и инвестициите. Во тој контекст, на средбата беше посочено на потребата од размена на посети на високо и на највисоко ниво.

На средбата беа разменети мислења за состојбите на Блискиот Исток.

Сподели: