Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими Наталија Задорожњук, амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу двете држави, како и за можностите за нивно унапредување во сите сфери од взаемен интерес, особено во економската сфера, културата, образованието и науката, здравството.

Односите меѓу Северна Македонија и Украина се темелат врз доверба, меѓусебно разбирање и поддршка, а двете држави споделуваат исти вредности и имаат еднакви определби, членство во ЕУ и во НАТО. Претседателот Пендаровски го истакна интересот и подготвеноста на Република Северна Македонија за интензивирање и унапредување на севкупните односи со Украина.

На средбата беа разменети мислења и за актуелните состојби во двете земји, случувањата на регионално и глобално ниво, како и за клучните предизвици со кои земјите се соочуваат во надминувањето на актуелните состојби.

Сподели: