Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на политичката партија Движење Беса, Билал Касами.

На средбата се разговараше за севкупните политички состојби во Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски посочи на потребата сите политички субјекти, и од власта, и од опозицијата, да го насочат своето делување во интерес на остварувањето на стратешките цели на Република Северна Македонија – членството во Европската унија и во НАТО, како важен предуслов за стабилна, просперитетна и развиена држава.

Сите релевантни политички субјекти во Република Северна Македонија во периодот што претстои треба да демонстрираат одговорност и да го дадат својот придонес во исполнувањето на реформската агенда, која е во интерес на граѓаните, истакна претседателот Пендаровски на средбата.

Претседателот на Движењето Беса, Касами, упати честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во работата.

Сподели: