“Господине Претседател,

Би сакал Вам и на сите ваши сограѓани да ви ги упатам најсрдечните честитки по повод националниот празника на Република Северна Македонија.

Годинава ја обележа стапувањето во сила на Преспанскиот договор како и потпишувањето на протоколот за приклучување на вашата земја во НАТО. Предлог законот, кој ќе овозможи негова ратификација е веќе доставен до Француското собрание за кој тоа треба набрзо да се произнесе. Сакам да ги поздравам овие значајни постигнувања со кои се унапредуваат стабилноста и развојот на Северна Македонија и на регионот на Балканот.

Франција ја поддржува европската перспектива на вашата земја и на сите други од Западен Балкан. Посакувам Европската Унија што побрзо да ги прецизира начините за да и овозможи на оваа перспектива да биде дел од неопходната реформа за функционирањето на Европската Унија, за да може да ја гарантира вашата стабилност и нашата заедничка иднина.

Посакав Франција да го зголеми својот конкретен ангажман на државно ниво, во полза на стабилноста и на развојот на земјите од Западен Балкан изготвувајќи национална стратегија за регионот. Стратегијата предвидува зајакнување на нашите политички контакти и на билатералната соработка во четири области: економски и социјален развој, безбедност правда и одбрана. Што се однесува до економскиот и социјален развој, посакувам што побрзо да се потпише договорот помеѓу нашите две земји со кои се дефинираат условите за делување на Француската агенција за развој во Северна Македонија.

Ви ги упатувам, Господине Претседател, изразите на моето високо почитување.

Потпис:

Емануел Макрон”

Сподели: