Почитуван Претседател,

Во име на турскиот народ и во мое лично име, Вам Екселенцијо и на целиот народ на Македонија најсрдечно ги изразувам честитките по повод Националниот ден на Република Северна Македонија.

Нашата солидарност и соработка уште повеќе се зајакнати како резултат на меѓусебните посети на високо ниво реализирани помеѓу нашите земји во 2019 година.

Посакувам оваа плодна синергија да продолжи со поголем раст.

Одблиску го следиме процесот за членство во НАТО на пријателска Северна Македонија која чекори со историски чекори. Како земја членка која преговара, го поддржуваме процесот за членство во Еу и се надеваме дека во најскоро време ќе започнат пристапните преговори.

Во оваа прилика, ги повторувам изразите со најсрдечни желби за Вашето лично здравје и среќа, како и здравјето и просперитетот на народот на Македонија.

Реџеп Таип Ердоган

Претседател на Република Турција

Сподели: