Обраќање на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, за време на посетата на Министерството за одбрана и на Генералштабот на Армијата

31 мај 2019 | Обраќања

Почитувани присутни,
Почитувана министерке,
Почитуван началник на Генералштабот,
Почитувани генерали,
Почитувани претставници на медиумите,

Oва е моја прва посета на Министерството за одбрана и на Генералштабот на Армијата. Оваа посета е и суштинска, но во исто време и симболична. Суштинска е бидејќи како Претседател и Врховен командант на вооружените сили имам уставни и законски ингеренции во областа на одбраната, истовремено е и симболична, бидејки првите институции кои најдиректно ќе станат дел од најмоќниот воено-политички сојуз на денешницата се токму Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата.

Со министерката за одбрана и началникот на Генералштабот на средбите предмалку разговаравме за клучните чекори кои следат за да бидеме целосно подготвени за нашето членство во НАТО. Како Претседател, тесно ќе соработувам со двете институции. Секогаш ќе сакам да го слушнам мислењето на Министерството за одбрана и на Генералштабот за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат и ќе се вклучам во изнаоѓањето на најдобрите решенија што заедно ќе не водат напред.

Почитувани присутни,

Република Северна Македонија направи историски чекори кои ни ја донесоа поканата за членство во НАТО. Со тоа се остварува една од нашите врвни стратешки цели. Како држава треба да сме подготвени за оваа голема чест и голема одговорност во исто време. Како Претседател ќе инсистирам на врвна подготвеност и професионалност на институциите во оваа област.

Ме радува фактот што во последната година буџетот на ресорот Одбрана почна да расте и јас ја охрабрувам Владата да продолжи со овој тренд, со уште посилно темпо. Како одговорна НАТО членка ние ќе мораме да дојдеме до стандардот на издвојување од 2 % за одбраната од БДП до 2024 година.

Во Армијата мора да се вложува преку спроведување на темелни реформи во безбедносниот сектор, да продолжиме да градиме професионална, технички современа НАТО армија што ќе биде подготвена не само да ја брани територијата на Северна Македонија, туку и ќе продолжи активно да придонесува за заштитата и за изградбата на слободни и демократски општества и надвор од нашата земја. Вложувањето во Армијата подразбира и вложување во професионалните стандарди, како и во животниот стандард на војникот што мора да биде наш приоритет.

Уште во моето инаугуративно обраќање најавив дека сите промоции во делокругот на Армијата ќе бидат во согласност со законите и во согласност со професионалните референци на кандидатите. Мораме да ги имаме најдобрите професионалци во оваа област за што поскоро да го оствариме членството во НАТО.

Затоа ги охрабрувам припадниците на Армијата, офицерите, подофицерите и војниците, да работат на свое усовршување, а обврска на лидерствата на двете институции е тоа да им го овозможат. Во оваа прилика сакам да истакнам дека очекувам од сите релевантни политички фактори, сите институции на власта, вклучително и опозицијата, да се вклучат во поддршка на овој потфат, да го покажеме на дело нашето единство, околу клучните стратешки цели на Република Северна Македонија, што е во интерес на сите граѓани на нашата заедничка држава.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...