Претседателот Пендаровски во посета на општина Дебар

11 декември 2019 | Лице в лице со претседателот, Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“ денеска ја посети општина Дебар.

На почетокот на посетата, претседателот Пендаровски го посети Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“. На средбата со игуменот на манастирот, архимандритот Партениј, претседателот Пендаровски беше запознаен со подготвителните активности за одбележување на 1000-годишнината од постоењето на манастирот, во 2020 година. За време на посетата претседателот Пендаровски се сретна со група штитеници кои престојуваат во манастирот и се лекуваат од различен тип на зависности.

Претседателот Пендаровски ја посети фабриката за полнење на природна изворска вода МЛ Гари – Maya, која се наоѓа на регионалниот пат Бошков мост – Извор. На средбата со менаџментот беше претставена работата на компанијата, која функционира веќе три години на македонскиот пазар. Пред претседателот Пендаровски беа претставени и идните планови на компанијата за проширување на производствените капацитети.

Во Општинскиот одбор на Црвениот крст во Дебар претседателот Пендаровски оствари средба со Рамадан Телкиу, крводарител, кој донирал крв над 160 пати. Телкиу е носител на бројни признанија за својата хуманост. Во 2008 година е одликуван со Медал за заслуги за Македонија. На средбата од претставниците на општинскиот одбор на Црвениот крст, претседателот Пендаровски беше информиран за тековните активности, како и за предизвиците со кои се соочуваат во нивната работа.

За време на посетата, претседателот Пендаровски го посети семејството Исаковски, познато по рачната изработка на зурли од црешово дрво. Претседателот Пендаровски беше информиран дека освен во Дебарскиот регион, интерес за рачните изработки на семејството има во целиот свет.

Во Дебар, претседателот Пендаровски ја посети компанијата Slice, платформа за нарачка на пици, што опслужува пицерии на пазарот во Соединетите Американски Држави. Компанијата во своите претставништва во Дебар, Скопје и Охрид вработува над 500 млади луѓе во земјата, со план за проширување на нивните капацитети. Претседателот Пендаровски ја посочи компанијата како пример што покажува дека и во родниот крај и во сопствената земја може да се создадат можности за профитабилен бизнис и да се даде придонес за развој на заедницата преку отворање на нови работни места.

Претседателот Пендаровски, во Центарот за култура во Дебар оствари средба со локални новинари, кои го информираа за тековните предизвици со кои се соочуваат во нивната работа.

Проектот „Лице в лице со Претседателот“ е инициран во изборната програма на претседателот Пендаровски. Целта е преку посети на населените места во Северна Македонија, претседателот Пендаровски да се сретне со што е можно повеќе граѓани, и одблиску да ги слушне проблемите и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, како и идеи за нивно надминување.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

  Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис...

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и од ООУ „Димитар Миладинов“, од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Учениците имаа можност да се запознаат...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија,...