Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција

24 декември 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција во Република Северна Македонија, Хасан Мехмет Секизќок.

 Изразувајќи задоволство од одличните билатерални односи и успешната соработка помеѓу двете пријателски земји коишто се во духот на силно традиционално пријателство и партнерство, претседателот Пендаровски истакна дека двете држави споделуваат заеднички вредности за толеранција, меѓусебно разбирање и почит, вредности кои претставуваат клучни столбови во градењето на подобра и попросперитетна иднина за граѓаните на  двете земји.

 Претседателот Пендаровски упати благодарност за целокупната поддршка на Република Турција за Република Северна Македонија, пред сé за цврстата и отворената поддршка за евроатланскиот пат на нашата земја додавајќи дека досегашното природно сојузништво во НАТО ќе се преточи и во официјално, со што заедно двете земји ќе продолжат да обезбедуваат мир и стабилност во Регионот, но и за Европа во целост.

 „ Остануваме будни во нашиот Регион, кој неретко и во различни форми е на удар на пошироки геостратешки игри и закани, со што соработката, довербата и координацијата во борбата против тероризмот, организираниот криминал, нелегалните миграции, сајбер заканите и слични феномени, претставуваат приоритет за сите нас“, рече Претседателот.

 Заблагодарувајќи се за срдечното добредојде, амбасадорот Секизќок оцени дека вкоренетите историски и човечки врски, споделените демократски вредности и целите на економско поле ќе помогнат во зајакнувањето на соработката помеѓу двете земји и истакна дека во периодот кој следи покрај трговијата и инвестициите, взаемната соработка ќе се интензивира и продлабочи и во многу други сфери.

 „ Турција ја гледа Северна Македонија како еден важен и ценет партнер. Развивањето на нашите партнерски односи е и во полза на Балканот и евро-атлантското семејство“, рече амбасадорот Секизќок.

 Притоа додаде дека еден од основните постулати на блиските односи и соработка е турската заедница која со векови постои во овие територии и вложува труд за развојот и доброто на Северна Македонија изразувајќи уверување дека Турција и понатаму ќе продолжи со својата поддршка за Северна Македонија со цел подигнување на нивото на просперитет на граѓаните на земјата.

 Претседателот Пендаровски на новоименуваниот амбасадор му посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...