Претседателот Пендаровски го прими албанскиот амбасадор Фатос Река

28 мај 2019 | Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река.

На средбата, двајцата соговорници констатираа дека севкупните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, кои се карактеризираат со искрено пријателство и меѓусебно разбирање, бележат позитивен развој со континуиран дијалог.

Претседателот Пендаровски нагласи дека во иднина двете земји треба да се посветат на унапредување на билатералната соработка, особено во областа на економијата и зголемувањето на трговската размена, како и на реализацијата на инфраструктурни проекти кои ги поврзуваат Северна Македонија и Албанија.

Во однос на европските интеграциски процеси, претседателот Пендаровски нагласи дека е неопходно Европската Унија да ги валоризира напорите на двете држави преку одредување датум за почеток на пристапните преговори. Тоа ќе придонесе за дополнителна регионална консолидација и соработка меѓу земјите, беше потенцирано на средбата.

Двајцата соговорници истакнаа дека Северна Македонија и Албанија споделуваат идентични надворешно-политички цели. Двете земји се посветени на градење на добрососедските односи и соработка  во рамки на регионалните иницијативи.

Амбасадорот Фатос Река на претседателот Пендаровски му го честиташе стапувањето на функцијата и му посака успех во работата, изразувајќи уверување за натамошно  унапредување на билатералната соработка во сите полиња од заеднички интерес.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...