Средба на претседателот Пендаровски со амбасадорите на Јапонија и на Холандија

17 мај 2019 | Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда и го прими амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Вaутер Пломп.

Двајцата амбасадори на претседателот Пендаровски му упатија честитки за стапувањето на функцијата, му посакаа успешна работа и изразија уверување за унапредување на односите на Република Северна Македонија со нивните држави во периодот што претстои.

На средбата со амбасадорката Кеико Ханеда, претседателот Пендаровски го истакна значењето на Јапонија за стабилноста, просперитетот и развојот на Република Северна Македонија и на поширокиот регион. Како земја која е докажан пријател на Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски изрази очекување за натамошно продлабочување на односите меѓу двете земји во сите сфери од заеднички интерес, особено на економски план.

На средбата со холандскиот амбасадор Пломп, претседателот Пендаровски ја истакна значајната улога што Кралството Холандија ја има преку директно помагање на процесите на европска трансформација на Република Северна Македонија. Двајцата соговорници оценија дека меѓу двете земји постои континуирана и тесна соработка во повеќе области од заемен интерес, што е во полза на граѓаните на двете држави. Претседателот Пендаровски изрази очекување за валоризација на постигнувањата на Република Северна Македонија преку одредување на датум за почеток на преговори со Европската унија во јуни, истакнувајќи дека поддршката на Кралството Холандија е клучна, како земја основач на Европската унија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...