Средба на претседателот Пендаровски со членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност

16 септември 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, оствари средба со членовите на Комисијата за одбрана и безбедност од Собранието на Република Северна Македонија.

На средбата присуствуваа членови и нивни заменици од власта и од опозицијата, пракса што според Претседателот треба да биде на сите состаноци и средби на кои се говори за безбедноста на државата.

„Јас сум претседател на сите, без разлика кој ме предложил или гласал за мене. На седницата на Советот за безбедност го поканив и лидерот на опозицијата. Така ќе правам и натаму, бидејќи одбраната и безбедноста на државата не се ничија лична работа“, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски позитивно ги оцени реформите во безбедносната сфера и го истакна фактот дека се поддржани и од власта и од опозицијата.

На средбата беа разменети мислења за актуелната состојба во Република Северна Македонија во доменот на одбраната и безбедноста, како и за состојбата во регионот.

Претседателот Пендаровски ги информираше членовите на комисијата дека до сега 22 држави го завршија процесот на ратификација на Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО, додека кај преостанатите седум земји-членки нема политички пречки процесот да се заокружи.

Во контекст на безбедноста во регионот, став на државниот врв, информираше Претседателот, е дека промена на границите на Балканот е опасна идеја.

На средбата претседателот Пендаровски беше информиран за тековната работа на комисијата и за носењето на законите од безбедносната сфера. Членовите на комисијата позитивно ја оценија можноста за средба со Претседателот на Република Северна Македонија и ја нагласија неговата улога за надминување на поделбите во општеството. Претседателот Пендаровски посочи дека и во иднина редовно ќе се одржуваат заеднички координации и ќе има редовна комуникација со комисијата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...