Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Националниот совет на Република Австрија, Волфганг Соботка

11 октомври 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Република Австрија, денеска оствари билатерална средба со претседателот на Националниот совет на Сојузното собрание на Република Австрија, Волфганг Соботка.

На средбата, во пресрет на одбележувањето на 25 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи во декември годинава, двајцата соговорници констатираа одлични билатерални односи во многу области од заеднички интерес и беше изразено заемно задоволство од воспоставената извонредна соработка заснована на заедничка доверба и разбирање на различни нивоа на институционално партнерство меѓу двете држави.

Претседателот Пендаровски ја нагласи неопходноста за натамошно интензивирање на соработката во рамките на парламентарните групи како важен предуслов за зајакнување на севкупните билатерални односи.

Претседателот изрази задоволство од континуираниот интерес на Австрија и нејзината клучна улога во целокупниот просперитет и стабилност на Северна Македонија и на целиот регион на Југоисточна Европа.

Во контекст на нашите европски интеграции, нагласувајќи ги долгогодишните напори и австриската поддршка, силно демонстрирани за време на претседателството со ЕУ во втората половина на 2018 година, претседателот Пендаровски истакна дека нивната принципиелна поддршка е значајна во октомври 2019 година, кога очекуваме потврда на нашите напори, со носење одлука за започнување преговори за пристапување. Во меѓувреме државата е целосно посветена на реформската агенда како и на креирањето на добрососедската политика во Југоисточна Европа, подвлече претседателот Пендаровски, потенцирајќи дека неговото политичко дејствување, и во странство и дома, има една цел, а тоа е членство во Европската унија и НАТО и заокружување на реформите, за да се обезбеди иднината на државата и благосостојбата на сите нејзини граѓани.

Претходно, претседателот Пендаровски со највисоки државни и воени почести беше примен од австрискиот претседател претседател Александер Ван дер Белен, а оствари средба и со сојузната канцеларка, Бригит Биерлејн.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...