Средба на претседателот Пендаровски со министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас

13 ноември 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас, кој престојува во работна посета на Република Северна Македонија.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, кои беа оценети како пријателски односи исполнети со доверба и взаемно почитување.

Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија високо ја цени поддршката од Германија за нејзините аспирации за членство во Европската унија и во НАТО. Во тој контекст, претседателот Пендаровски го истакна значењето на комплетирањето на процедурата за ратификација на протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО од страна на Германија. Претседателот Пендаровски на министерот Мас му се заблагодари за силната поддршка од германска страна за отворање на пристапни преговори за членство на Северна Македонија во Европската унија, за искажаната солидарност со државата по последниот Европски совет, како и за фактот што Германија го држи прашањето за проширувањето во фокусот на агендата на ЕУ.

На средбата претседателот Пендаровски истакна дека и покрај отсуството на одлука, на последниот Европски Совет, за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со Унијата, европската интеграција останува наша стратешка цел. Претседателот изрази очекување дека наскоро ќе се дефинира новата методологија за водење на пристапните преговори и ќе биде донесена одлука за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија. За нашата држава, истакна претседателот Пендаровски на средбата, не постои друга одржлива алтернатива, освен полноправното членство во ЕУ.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

  Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис...

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и од ООУ „Димитар Миладинов“, од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Учениците имаа можност да се запознаат...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија,...