Средба на претседателот Пендаровски со светскиот шампион во современ танц, Анди Исмаили

9 јануари 2020 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска го прими 11 годишниот гостиварец Анди Исмаили, светски шампион во современ танц.

На средбата, на која присуствуваа и неговите родители, Анди го раскажа своето искуство од учеството на Светското првенство коешто во декември минатата година се одржа во Оса, Полска. На ова светско натпреварување Анди го освои првото место во категоријата современ танц соло за деца.

Претседателот Пендаровски истакна дека Анди иако има само 11 години, тој веќе е амбасадор на нашата земја бидејќи успева да ја промовира Северна Македонија преку уметноста на своето танцување. И затоа, како што потенцираше претседателот Пендаровски, на талентираните млади луѓе државата треба да им дава безрезервна поддршка.

Младиот Анди на средбата со претседателот Пендаровски информираше дека негов следен предизвик е европското првенство во џез, современ и класичен балет, коешто во јуни годинава ќе се одржи во Национална опера и балет, во Скопје.

Талентираниот Анди Исмаили е член на танцовото студио „I Dance” од Гостивар. За кореографијата со којашто тој победи на првенството во Полска, му помогнале тренери и кореографи и од студиото „Брејк а Лег“ од Скопје.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...