Средба со продавачи на уличното списание „Лице в лице“

7 февруари 2020 | Лице в лице со претседателот, Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Канцеларијата на претседателот – Млади Хаб оствари средба со  продавачите на единственото улично списание за одржлив развој „Лице в лице“, со дел од нивните координатори, како и со претставници на Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Паблик“, којашто е издавач на списанието.

Преку непосреден разговор, продавачите на уличниот печат, на претседателот Пендаровски му објаснија дека нивниот ангажман во списанието „Лице в лице“ им помогнал да преземаат конкретни чекори за подобрување на својата животна состојба. Исто така тие истакнаа дека преку продажба на уличното списание и процесот на работна интеграција, градат вредности коишто за нив биле непознати дотогаш.

Продавачот Хасан Аметовски, кој важи за еден од најискусните продавачи и е регрутиран преку Црвениот Крст на Град Скопје, вели дека секогаш го ценел трудот на луѓето кои работат и заработуваат.

„За­поз­на­ва­ње­то и ши­ре­њето на ко­нек­ци­и­те со мно­гу ху­ма­ни лу­ѓе пре­ку оваа ра­бо­та за ме­не зна­чи и лич­но по­до­бру­ва­ње на осо­би­ни­те ка­ко чес­ност, искре­ност и про­ду­ктив­ност. Се­то ова се одра­зу­ва на мо­јот живот и резултатите кон кои се стремам“, ве­ли Хасан.

Меѓу присутните продавачи беше Валентин Ракип, лице без матичен број. „Секогаш кога некој за мене ќе рече дека сум дете фантом, не се чуствувам убаво. Тоа за мене е исто како да не постојам“, рече Валентин на средбата, и додаде дека државата треба подеднакво да се грижи за сите свои граѓани, без разлика во какви околности се родиле и во какви околности растеле.

На средбата претседателот Пендаровски ја поздрави мисијата на списанието „Лице в лице“, економски и социјално да ги зајакне ранливите групи граѓани во нашето општество, истовремено делувајќи во насока на кревање на јавната свест за важни прашања за развојот на општеството.

Претседателот Пендаровски истакна дека тој и неговиот Кабинет ja поддржуваат секојa иницијатива којшто во себе ги обединува засегнатите страни коишто сакаат да придонесат на полето на одржливиот развој, социјалната инклузија, но и да делуваат кон демаргинализација на поединците. Платформата „Лице в лице“, како што посочи претседателот Пендаровски е насочена токму кон поддршка на процесот на работна интеграција на социјално ранливите групи, а на продавачите на уличен печат им нуди и можност за социјално и економско интегрирање.

Истовремено, претседателот Пендаровски на средбата изрази поддршка и за методологијата „Социјално менторство“, која е одговор за ранливите лица кои не можат да се задржат на работните места, бидејќи, како што посочија од „Паблик“, за лице коешто долго време било исклучено или никогаш не добило шанса да биде дел од пазарот на труд, процесот на работна интеграција е комплексен и придружен е со бројни предизвици. Оваа програма преку низа алатки и документи поставува оперативен протокол за активација, за мотивирање и за задржување на работата на отворениот пазар на труд на тешко вработливи лица.

Средбата на уличните продавачи со претседателот Пендаровски е една од низата активности коишто ги организира „Лице в лице“, по повод глобалниот настан, Меѓународна недела на продавачи на уличен печат, којашто се одбележува од 3 до 9 февруари. Целта на активностите во текот на оваа седмица, е да се активираат различни чинители од заедницата коишто влијаат на социјалната инклузија на ранливите категории граѓани. Во периодот од 3 до 9 февруари се оддава почит на работата на околу 9 илјади продавачи на улични весници и списанија во светот. Во земјава се регистрирани 35 улични продавачи на „Лице в лице“ во 5 градови, односно во Скопје, Битола, Струга, Неготино и во Куманово.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...