Обраќање на претседателот Пендаровски на воената вежба „Одлучен удар“ на Криволак

17 јуни 2019 | Обраќања

Почитувани припадници на Армијата,

Ценети екселенции,

Почитувани присутни,

Како Претседател на Република Северна Македонија и Врховен командант на вооружените сили чест ми е да ве поздравам на „Одлучен удар“ најголемата воена вежба во историјата на земјава. 

Со 2700 припадници, од шест држави, заедно со Соединетите Американски Држави, Албанија, Бугарија, Литванија и Црна Гора ги усогласуваме нашите сили како вистински сојузници, разменуваме знаења и ја зголемуваме  меѓусебната доверба.

Колективната одбрана која се остварува преку интероперабилност, интегрирање на конвенционалните и силите за специјални операции на повеќе држави е особено важна за времето во кое живееме.

Предизвиците со кои се соочува секоја земја се преголеми за да имаме индивидуален пристап. 

Радикализирани поединци, групи, како и меѓународниот тероризам се постојана  закана за нашата безбедност и нашите вредности.

Постојат и нови хибридни закани, актери со цел да го нападнат нашиот сајбер простор и со тоа да наштетат на нашиот начин на живот.

Вежбата „Одлучен удар“ е доказ дека можеме да се справуваме со безбедносните предизвици и дека нашата Армија е  компатибилна со армиите на нашите сојузници од НАТО.

Како врховен командант ги поддржувам реформите во одбраната и безбедноста и развивањето на професионална и модернизирана Армија.

Како држава имаме обврска да го зголемиме одбранбениот буџет на 2% од БДП до 2024 година.

Ова е реална цел и ќе ја оствариме.  

Преку долгогодишното искуство во меѓународните мисии  нашата Армија се трансформираше во современа армија, компатибилна со нашите НАТО партнери.

Со нашата професионалност, посветеност и пожртвуваност ги надминавме очекувањата на многу наши партнери и сојузници.

Членството во НАТО е гаранција за нашата безбедност и просперитет и наш придонес кон регионалната и глобалната безбедност. 

Четири од петте држави кои денеска учествуваат на оваа воена вежба веќе го ратификуваа протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

Им благодарам и очекувам и другите земји-членки да завршат со процесот што поскоро за да можеме оваа година да станеме 30-та земја членка на најуспешната политичко-воена алијанса.

На сите учесници во „Одлучен удар“  ви оддавам признание за вашиот професионализам, вештини и обученост и тимска работа за успешната и  беспрекорна воена вежба.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

  Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис...

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и од ООУ „Димитар Миладинов“, од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Учениците имаа можност да се запознаат...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија,...