Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Здружението на судиите, Џемали Саити

20 јуни 2019 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска го прими Џемали Саити, претседател на Здружението на судиите и судија во Врховен суд на Република Северна Македонија.

На средбата беше разговарано за предизвиците со коишто се соочуваат судиите во вршењето на својата одговорна должност, како и за развојните процеси во оваа област, со цел јакнење и гаранција на независноста, самостојноста и објективноста на судството. Во тој контекст, претседателот на здружението Саити го информираше претседателот Пендаровски за нивните досегашни активности во насока на поттикнување на развојот во судството, преку унапредување на законите за целокупната организација и работата на судовите.

Претседателот Пендаровски нагласи дека главен предуслов за напредокот на секоја државата е токму владеењето на правото, односно, неселективно и независно судство, коешто професионално, правично и непристрасно ќе ги спроведува законите.

Тоа, нагласи Претседателот, се придобивки од коишто, посредно или непосредно, се засегнати сите граѓани во Република Северна Македонија. Доследното практикување на правната држава е од витален интерес за нашите граѓани, рече претседателот Пендаровски, подвлекувајќи дека тоа е едно клучните барања на Европската унија, во пресрет на одредување на датум за почеток на пристапните преговори на нашата држава.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

  Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис...

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и од ООУ „Димитар Миладинов“, од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Учениците имаа можност да се запознаат...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија,...