Честитка по повод Рамазан Бајрам

4 јуни 2019 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитка до граѓаните со исламска вероисповед во Република Северна Македонија.

Во овие празнични денови на слога, заедништво и почит, сите заедно треба да продолжиме кон градење на соживот за сите граѓани и да изградиме едно општество за сите, пример за идните наши генерации. Со овој голем празник се означува крајот на едномесечниот пост во кој секој верник искрено го отвора срцето за верата и љубовта. Светиот месец Рамазан е месец на дарување, помагање и заедништво и ова ја зајакнува вербата во доброто, правдата и меѓусебното разбирање и почитување. Посакувам овие вредности да бидат наше секојдневие и сите да имаме спокоен и среќен живот, не само во празничниве денови туку низ целата година.

Претседателот Пендаровски, по повод Рамазан Бајрам, упати честитка и до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Северна Македонија, Реис–ул–улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи.

Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија да Ви упатам најсрдечни честитки по повод празникот Рамазан Бајрам.

Би сакал на овој голем празник да го истакнам придонесот на ИВЗ и нашите сограѓани од исламска вероисповед во градењето на мир и соживот во мултиетничка и мултирелигиозна Република Северна Македонија. Нашата заедничка цел е просперитетна и европска татковина.  

Уште еднаш, Ви упатувам најискрени желби за љубов, среќа и благосостојба.

Честит Рамазан Бајрам!

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

  Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис...

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и од ООУ „Димитар Миладинов“, од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Учениците имаа можност да се запознаат...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија,...