Претседателот Пендаровски го прими вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Т. Рикер

26 јули 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими вршителот на должност помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави за Европа и Евроазија, Филип Т. Рикер.

На средбата беше разговарано за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Северна Македонија и САД, за евро-атлантските перспективи на нашата држава, како и за актуелните случувања во регионот.

Двајцата соговорници констатираа дека стратешките односи меѓу Северна Македонија и САД, кои се засноваат на заедничките вредности за мир, слобода и демократија, ќе продолжат да се прошируваат и продлабочуваат во сите сфери од заемен интерес.

Претседателот Пендаровски изрази уверување дека Северна Македонија е силно посветена на зацврстување на стратешкото партнерство со САД, со цел поттикнување на уште подлабоки врски меѓу двете пријателски земји и нивните граѓани.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за безрезервната поддршка и помош што САД ја даваат на нашата држава од самиот почеток на независноста, особено изразена во остварувањето на нашите евро-атлантски аспирации, наша трајна стратешка определба.

„На тој пат, Северна Македонија ќе продолжи тесно да соработува со САД, како наш долгогодишен сојузник и поддржувач на реформите во областа на одбраната и безбедноста, владеењето на правото и независноста на судството, како и во областа на јавната администрација“, порача претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски изрази очекување дека до крајот на годината ќе биде завршено ратификувањето на Протоколот за членство во НАТО во сите земји-членки, меѓу кои и во САД, со што Северна Македонија ќе стане 30-та членка на најуспешната воено-политичка алијанса.

„Нашето зачленување во Алијансата ќе претставува конкретна потврда на заложбите на САД за стабилна, сигурна и економски развиена Северна Македонија и одраз на волјата на мнозинството наши граѓани кои сакаат да ја видат Северна Македонија како членка на евроатлантските институции“, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот нагласи дека Северна Македонија вложи огромни напори за да ја надмине статус-кво состојбата од минатото, додавајќи дека сега е неопходно сите политички чинители заеднички да работат на европската иднина на државата, преку конструктивен политички дијалог за усвојување на суштинските реформски закони.

Вршителот на должноста помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Т. Рикер му го честиташе стапувањето на функцијата на претседателот Пендаровски, додавајќи дека САД ќе продолжат силно да ги поддржуваат демократските реформи во Северна Македонија, со цел нејзино целосно интегрирање во евро-атлантските организации.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

  Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис...

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и од ООУ „Димитар Миладинов“, од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Учениците имаа можност да се запознаат...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија,...