Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими делегација на Црвениот крст на Република Северна Македонија, предводена од генералниот секретар, Саит Саити.

На средбата беа претставени тековните активности на Црвениот крст, вклучувајќи ја актуелната кампања „Твоето незнаење чини живот“, која се однесува на давање прва помош при сообраќајни несреќи, и со која ќе бидат опфатени околу 8.000 возачи низ целата држава.

Претседателот Пендаровски го истакна исклучителното значење на работата на Црвениот крст, како организација која е посветена на заштита на животот и здравјето на луѓето, особено во случај на несреќи и катастрофи.

Генералниот секретар Саити го запозна претседателот Пендаровски и со активностите на Црвениот крст на Република Северна Македонија за одбележување на 75-годишнината од неговото постоење, во 2020 година.