Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска ја прими Никица Мојсоска–Блажевски, Главен извршен директор на организацијата „Македонија – 2025“.

На средбата Мојсоска–Блажевски го информираше Претседателот Пендаровски за претстојните активности на „Македонија – 2025“, како и програмите коишто ги спроведуваат, вклучително и подготовките за претстојниот годишен Самит којшто треба да се одржи во ноември 2019 година.

Претседателот Пендаровски на средбата покажа посебен интерес во однос на програмата за стипендирање на млади средношколци која „Македонија – 2025“ ја спроведува во земјава и можностите за посета на стипендистите коишто се од различни региони.

Претседателот Пендаровски ги охрабри иницијативите на „Македонија – 2025“ коишто придонесуваат кон економскиот и демократски развој на Република Северна Македонија.