Средба на претседателот Пендаровски со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ)

20 август 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари средба со раководството на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ).

На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со тековните активности на МАСИТ, како стопанска комора којашто во себе обединува компании од сите ИКТ сектори, како и со нивните заложби за раст на ИКТ бизнисот во Северна Македонија, негова препознатливост, а со цел посилна, поорганизирана и прогресивна ИКТ индустрија.

На четвртата по ред средба со стопанските комори, претседателот Пендаровски посочи на потребата при неговите посети надвор од Северна Македонија да учествуваат и претставници од стопанството, а при посети на странски државници да се организираат бизнис-форуми или да се овозможи директна комуникација, со цел вмрежување и разгледување на можностите за соработка.

Претседателот ја истакна потребата Северна Македонија да се поврзе со светот, за што очекува придонес од ИКТ индустријата. Како важен предуслов за тоа ја посочи потребата од стабилна политичка состојба, за која рече дека во последните години се движи во добра насока.

„За да биде напредна државата, мора да имаме стабилна политичка состојба. Во последните години ние одиме по добар пат кон политичка стабилизација, одиме забрзано кон НАТО интеграцијата. Идното членство на државата во НАТО ќе има позитивни импликации за развојот на економијата и за влез на странски инвестиции. За Европската унија очекуваме датум за почеток на преговорите, но сакам да нагласам дека вие мора да бидете вклучени во пристапните преговори, барем во половина од поглавјата“, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски посочи дека нема да потпише ниту еден донесен закон, што ќе биде негативно оценет од страна на комората.

Информираше дека поранешната Народна канцеларија во центарот на Скопје ќе биде пренаменета за проектот „МЛАДИХАБ – Дигитална младина”, поддржан од Британската амбасада, Националниот младински совет и МАСИТ.

„Со поддршка на оваа програма се надевам дека ќе создадеме мотивирачка средина дека и младите кај нас ќе имаат шанса за успех“, рече претседателот Пендаровски.

Тој ги запозна присутните дека по иницијатива на Кабинетот на Претседателот, тим од практичари ќе работи на создавање на стратешки документ “Северна Македонија 2030”, кој ќе има за цел да ги постави приоритетите за развој на економијата во следната деценија.

Од страна на претставниците на МАСИТ беше истакнато дека претседателот Пендаровски е прв Претседател што остварил средба со нив и покажал интерес за соработка. Од своја страна, претседателот Пендаровски го прифати барање на МАСИТ да биде промотор на ИКТ индустријата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

  Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис...

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Отворен Кабинет за ученици од скопските основни училишта „Љубен Лапе“ и „Димитар Миладинов“

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и од ООУ „Димитар Миладинов“, од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Учениците имаа можност да се запознаат...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија, Сергеј Малиновски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград. Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет, Надер Саад

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. Претседателот Пендаровски во...

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Средба со учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија,...