Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими делегација од Хрватскиот сабор, предводена од Домагој Милошевиќ, претседател на Комитетот за европски работи.

На средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска, при што претседателот Пендаровски изрази уверување дека традиционално пријателските релации меѓу двете држави и во иднина ќе се зајакнуваат, преку интензивирање на соработката во сите области од заемен интерес.

Соговорниците се согласија дека напредокот на Република Северна Македонија во ЕУ и НАТО позитивно ќе се одрази, не само врз внатрешната општествено-политичка состојба во земјата, туку и врз стабилноста и развојот на целиот регион.

Хрватските пратеници ја реафирмираа безрезервната поддршка на Република Хрватска и изразија уверување дека Европскиот совет ќе одреди датум за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија, која е пример и светла точка на Балканот.

На средбата се истакна придонесот на малцинствата од двете држави како регионален пример на искрено пријателство меѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска.

Соговорниците разговараа и за економската соработка меѓу двете држави и се заложија дека во иднина треба да се воспоставуваат нови, заеднички проекти и иницијативи во областа на трговската размена.

Членовите од делегацијата на Хрватскиот сабор, упатија честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и изразија уверување за натамошно продлабочување и проширување на целокупната соработка.