Биографија

Претседател на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски е роден на 3 април 1963 година во Скопје. Дипломирал во 1987 година на Факултетот за правни и политички науки, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, а магистрирал и докторирал на Институтот за социолошки и политички правни истражувања при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје.

Во изминатите 11 години бил професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје каде што ги предавал предметите Меѓународна безбедност, Меѓународни односи, Вовед во Политика, Глобализација, Геополитика, Надворешната политика на САД, Надворешната и безбедносна политика на ЕУ и Малите држави во светската политика. Во периодот 1998-2001 бил началник на Управата за аналитика и истражување во Министерството за внатрешни работи и портпарол на министерството.

Од 2001 до 2004 година е Советник за национална безбедност на Претседателот на Република Македонија. Од 2004 до 2005 година е Претседател на Државната изборна комисија. Од 2005 до 2009 година е Советник за надворешна политика на Претседателот на Република Македонија. Од 2016 до 2017 година е пратеник во Собранието на Република Македонија. Од декември 2017 година до мај 2019 година е Национален координатор за подготовка на Република Северна Македонија за влез во НАТО.

Претседателот Пендаровски е оженет со Елизабета Ѓорѓиевска и го имаат синот Огнен. 

Претседател
Република Северна Македонија

Улица „Ацо Караманов“ 33А,
Скопје, Република Северна Македонија