Совет за безбедност

Советот за безбедност ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и Владата.

Претседателот на Републиката е претседател на Советот за безбедност на Република Северна Македонија. Советот за безбедност на Републиката го сочинуваат претседателот на Републиката, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, министрите кои раководат со органите на државната управа во областите на безбедноста, одбраната и надворешните работи и тројца членови кои ги именува претседателот на Републиката.

За членови на Советот за безбедност на Република Северна Македонија именувани се:

  1. Талат Џафери, Претседател на Собранието на Република Северна Македонија,
  2. Зоран Заев, Претседател на Владата на Република Северна Македонија,
  3. Радмила Шеќеринска, Министер за одбрана на Република Северна Македонија,
  4. Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи на Република Северна Македонија,
  5. Никола Димитров, министер за надворешни работи на Република Северна Македонија.

Претседател
Република Северна Македонија

Улица „Ацо Караманов“ 33А,
Скопје, Република Северна Македонија