Комисија за помилување

Комисијата за помилување е работно тело на Претседателот на Република Северна Македонија, кое работи на седници кои ги свикува Претседателот на Комисијата по сопствена иницијатива и врз основа на заклучокот на Комисијата.

Комисијата на седницата ја разгледува поединечно секоја молба за помилување и дава мислење по сите предлози што ги поднел министерот за правда и по предлозите за помилување што ги поднел по службена должност.

Своето мислење комисијата го утврдува со мнозинство гласови од присутните членови.

Предлозите и мислењата членовите на Комисијата ги доставуваат до Претседателот на Република Северна Македонија кој ја донесува конечната одлука.

Претседателот на Република Северна Македонија дава помилување на поединечно определени лица за кривични дела предвидени со законите на Република Северна Македонија, согласно со одредбите на Кривичниот закон и одредбите на Законот за помилување.

Претседател
Република Северна Македонија

Улица „Ацо Караманов“ 33А,
Скопје, Република Северна Македонија