Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Учество на претседателот Пендаровски на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Сараево

јули 8 - јули 9

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 8 и 9 јули 2019 година ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите – учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што ќе се одржи во Сараево, Босна и Херцеговина.

Предвидено е претседателот Пендаровски да се обрати на пленарната сесија на самитот.

Во рамки на учеството на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, претседателот Пендаровски ќе оствари повеќе билатерални средби со учесниците на самитот.

Процесот за соработка во Југоисточна Европа (South East Europe Cooperation Process – SEECP) е прва автохтона регионална иницијатива воспоставена во 1996 година, со цел јакнење на политичката и безбедносната соработка, интензивирање на соработката на државите во областа на економијата, демократијата, судството, човековите права и борбата против нелегалните активности. Целта на оваа регионална иницијатива е преку јакнење на добрососедските односи и обезбедувањето на мирот во регионот, да овозможи побрзо приближување кон ЕУ и НАТО.

Details

Start:
јули 8
End:
јули 9
Event Category:

Venue

Sarajevo, Bosnia and Herzegovina