Бадник во домот на семејството Иванови
Saturday, 06 January 2018 10:39   
There are no translations available.

Badnik1На Бадник, во пресрет на големиот христијански празник Божиќ, денеска домот на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, го посетија децата од Интерактивното филмско училиште „Тинтири Минтири", кои ја донесоа Божиќната литија и со песната „Вечниот Бог" го најавија Христовото раѓање

Сопругата на македонскиот претседател, г-ѓа Маја Иванова, изјави дека како семејство секогаш ги почитувале верските и традиционалните вредности, и дека се поборници на враќање и на христијанските духовни вредности.

„Дозволете ми од името на моето семејство, од името на нашите денешни гости, да ви го честитаме Божиќ и Бадник. Нека Христовата светлина влезе во секое христијанско семејство, нека ви донесе многу радост, среќа и здравје, убавини, мир, благосостојба, многу љубов. Дозволете ми да ви го честитаме големиот христијански празник Божиќ со поздравот Христос се роди, Навистина се роди. Честит Божиќ", изјави г-ѓа Иванова.

Badnik2На децата семејството Иванови им подарија пригодни пакетчиња.

Иницијативата за возобновувањето на старата православна традиција да се слави Бадник со пеење на „Вечниот Бог" потекна од свештенството на МПЦ-ОА. Според Црквата, радува будењето на оваа стара православна традиција, која од година во година зафаќа се поголем број градови и повторно навлегува во нашето секојдневие.

Децата учесници во бадникарските поворки ја пејат песната „Вечниот Бог" и носат пригодно изработени пештери на кои е претставено Рождеството Христово и ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус.

Со божикната каланда (песна) „Вечниот Бог" се објавува доаѓањето на Спасителот во тело. Песната е древна, води корени уште од некогашнто Римско царство, што културолошки продолжи да живее кај православните народи кои се негово духовно и цивилизациско наследство. Сведоштво за универзалниот карактер на оваа каланда се бројните нејзини напеви кои се среќаваат од Европа, преку Азија, сѐ до Африка.

Badnik3

  Back<<Назад