Семејството Иванови на Божикна литургија во Соборниот храм во Скопје
Sunday, 07 January 2018 00:00   
There are no translations available.

bozikjПретседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов заедно со сопругата, г-ѓа Маја Иванова, денеска присуствуваа на централното одбележување на Рождеството Христово - Божик во Соборниот храм „Св. Климент Охридски", во Скопје, каде поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, г. г. Стефан чиноначалствуваше Архиерејска Златоустова литургија.

По завршувањето на литургија претседателот Иванов на граѓаните со православна вероисповед им го честита Божик и им посака здравје, радост и среќа.

„На верниците им го честитам големиот христијански празник Божик со поздравот Христос се роди, Навистина се роди. Се што посакувам за себе и своето семејство посакувам и за сите добро здравје, радост среќа и успеси. Како што сме сплотени, единствени и соплидарни за време на празниците да бидеме такви и во текот на целата година, но најмногу од се, да си ја сакаме, почитуваме и чуваме државата Република Македонија", рече претседателот Иванов.

  Back<<Назад