Бригадниот генерал Методи Хаџи-Јанев - нов Аѓутант на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов
Monday, 15 January 2018 13:52   
There are no translations available.

Hadji-JanevВо Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, денеска се одржа свечена церемонија по повод поставувањето на Методи Хаџи-Јанев за Аѓутант на Врховниот Командант на Вооружените Сили на Република Македонија и неговото унапредување во чин Бригаден генерал.

Методи Хаџи-Јанев на должноста Аѓутант доаѓа од функцијата одбранбено аташе на Република Македонија во Вашингтон, Соединетите Американски Држави.

Бригадниот генерал Методи Хаџи-Јанев е офицер со богато воено, дипломатско и академско искуство. Тој е доктор на науки по меѓународно право и меѓународни односи на правниот факултет во Скопје, а магистрирал на постдипломските воени студии во САД. Методи Хаџи-Јанев дипломирал на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски " во Скопје и на колеџот за воздушна команда во САД. Методи Хаџи-Јанев е припадник во специјалните единици на АРМ речиси 12 години и е прв командант на македонските специјални сили во Ирак. Хаџи-Јанев во 2015 година, бил назначен за нерезидентен воен советник при Постојаната мисија на Република Македонија во Обединетите Нации во Њујорк. Од 2017 година, Хаџи-Јанев е придружен професор на Државниот Универзитет Аризона во САД, а бил професор и на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски" во Скопје. Автор и коавтор е на повеќе дела и трудови во областа на сајбер безбедноста и одбраната и има посетувано обемни меѓународни обуки во борбата против тероризмот. Тој е потпретседател на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, официјален дисеминатор на меѓународното хуманитарно право на Црвен Крст на Република Македонија и Член на експертскиот – советодавен тим на Центарот за кризи и домашна безбедност при Државниот универзитет Аризона во САД.

  Back<<Назад