Реакција од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија на изјавата на г. Костадин Костадинов, пратеник на СДСМ
Friday, 03 August 2018 13:08   
There are no translations available.

KabinetPRMНајостро ги отфрламе тврдењата во изјавата на г. Костадин Костадинов, пратеник на СДСМ, за кои сметаме дека се големи лаги и манипулација, со цел дефокусирање на јавноста.

Јасно и очекувано е дека политичката партија СДСМ преку вакви манипулации се обидува да изврши притисок врз претседателот Иванов, поради неговите политики и цврсти ставови во одбрана на достоинството на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, а во врска со неприфаќањето на штетниот грчки договор.

Реакцијата на македонскиот народ на вчерашниот ден точно покажа какво е неговото размислување кон погубната политика што ја води оваа власт за Република Македонија. Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ.

Претседателот Иванов никогаш не поттикнал меѓуверска и меѓунационална омраза. Напротив, заедништвото и сплотеноста коишто со децении се градени, сега се доведуваат во опасност, токму поради штетните политики и одлуки на оваа власт.

За тоа дали претседателот Иванов е достоен за функцијата што ја извршува, не се прашуваат политичките партии, туку граѓаните кои го избрале и кои го покажаа својот став на чествувањето на Илинден.

Претседателот Иванов, како и секогаш, така и во иднина ќе се води исклучиво од државниот интерес и интересот на граѓаните на Република Македонија.

  Back<<Назад