Алумни асоцијација на Школата за лидери - ИСЛАА

ISLAA_LogoИванов Школа за Лидери Алумни Асоцијација (ИСЛАА) е организација која негува долгорочни релации со постоечките и идни алумни членови, обезбедува поддршка на истите, и е посветен партнер на Школата за лидери под покровителство на Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов. Визија на ИСЛАА е да стане цврсто вмрежена алумни асоцијација преку креирање на влијателен лидерски ентитет. Како основни цели ги има одржувањето на долгорочна и плодна соработка и релации помеѓу алумни членовите; втемелување на основните лидерски вредности и принципи преку своите активности; и промоција на духот на лидерството во средината во којашто членовите на алумни асоцијацијата делуваат. Како основни задачи ги има поставено посветеноста на визијата, целите и статутот преку предложување и имплементирање иницијативи и иновации, и моралната и колективна обврска да се подржуваат и помагаат активностите на ИСЛАА од страна на сите членови кои притоа ќе ги почитуваат генералните принципи за солидарност, еднаквост и взаемната почит.            


Дејностите на делување на ИСЛАА се од голема палета на области, како што и самата идеја на Школата заISLAA2 лидери промовира и мотивира лидерство на секоја функција и во секоја област со цел напредокот да биде загарантиран поради интердисциплинарната поврзаност. Своите цели и задачи ИСЛАА ги остварува преку остварување на конкретни активности, организирање на заеднички проекти, трибини, дебати, тркалезни маси, соработка  со организации во приватна и државна сопственост, институции, амбасади, здруженија, алумни организации и асоцијации, универзитети, итн.


Асоцијацијата е составена од собрание, извршен одбор и шест поткомитети, секој од различна област: политичко - правен, економско - финансиски, едукативно - културен, здравствен, поткомитет за животна средина и оперативен/човечки ресурси/односи со јавност поткомитет. Постои можност и за ад хок поткомитет зависно од  тоа што сметаат членовите на ИСЛАА дека е област, покрај горенаведените, која треба да се промовира и поддржи преку активности и учество. Извршниот одбор е составен од претседателот, потпретседателот, секретарот на ИСЛАА и четири члена кои се избрани од Собранието. Освен Претседателот, останатите шест членови се и координатори на поткомитетите.


ISLAA1Во досегашното свое постоење членовите на ИСЛАА реализираа активности поврзани со визијата и мисијата на ИСЛАА, водени од принципите и вредностите кои им беа презентирани како лидерски од страна на предавачите и тренерите на Школата за лидери. Првично, за одржување на соработката и релациите членовите организираа семинари на теми како Теологија и политичко лидерство, Менаџер vs. Лидер, Лидери под рефлектор, со еминентни предавачи до САД и Велика Британија. Потоа, за втемелување на лидерски вредности го имплементираа проектот „Сонувајте во боја“ кој има за цел да ги прикаже придобивките од станување активен член од цивилното општество преку волонтирање кај младите луѓе. За промоција на духот на лидерството членовите на ИСЛАА одржаа крводарителска акција за да прикажат пример, и го реализираат проектот „Типопортрети“ за да ги претстават на модерен и оригинален начин примерите за лидери од САД. Притоа, ИСЛАА одржува постојан контакт и чести посети со сите оние кои допринесуваат Школата за лидери и ИСЛАА да одржат константност во квалитетот како досегашните спонзори, меѓународните организации и голем број на домашни и надворешни претставници од различни институции.


За повеќе информации:

Веб-страна на ИСЛАА

ИСЛАА на Facebook

ИСЛАА на Twitter

 

 

 

Фото галерија

galerija-lideri