Новости
Честитка по повод еврејскиот празник Песах
Понеделник, 29 Март 2010

Честитка на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов до припадниците на еврејската заедница во Република Македонија по повод празникот Песах

Почитувани,

Дозволете ми да во мое лично име и во името на граѓаните на Република Македонија, Вам лично и на припадниците на еврејската заедница во Република Македонија да ви го честитам празникот Песах, кој е  симбол на непокорноста и желбата за слобода на еврејскиот народ.

Посакувајќи овие празнични денови да ги поминете во мир, среќа и радост би сакал да истакнам дека како Претседател на Република Македонија го ценам големиот придонес на еврејската заедница кон продлабочувањето и унапредувањето на меѓуетничките, интеркултурните и меѓурелигиозните односи во Република Македонија.

Длабоко сум убеден дека, како и досега и во иднина, еврејската заедница ќе продолжи да го дава својот активен придонес за севкупниот развој на Република Македонија, како и за негувањето и продлабочување на добрите и пријателски односи што Република Македонија ги има со Државата Израел.

Честитајќи ви го уште еднаш овој голем празник примете ги моите најискрени желби за мир и благосостојба.


Д-р Ѓорге Иванов

Претседателот Иванов го одликуваше Уфе Елеман Јенсен со орден
Петок, 12 Февруари 2010
Претседателот Иванов го одликува поранешниот Претседател на Бугарија Желев
Петок, 15 Јануари 2010

Претседателот д-р Ѓорге Иванов во претседателската резиденција Водно го одликува поранешниот претседател на Бугарија д- р Жељу Желев со Орден „8 Септември“, највисоко државно одликување на Република Македонија. Одликувањето на Желев му се доделува за исклучителни заслуги за признавањето на независна и суверена Република Македонија од страна на Република Бугарија, како прва земја и нејзино натамошно етаблирање во меѓународната заедница, како и за развојот на севкупните односи и соработка меѓу двете држави. Претседателот Иванов го истакна значењто на ангажманот на Желев во признавањето на Македонија и нејзиното етаблирање при што потсети дека Бугарија на денешен ден пред 18 години беше предводник на тој процес. Сепак, и по 18 години Македонија се уште се соочува со искушенијата и предизвиците и тоа не по своја вина и оти потребата од историски одлуки за македонската држава се уште не е завршена.
- И покрај тоа, продолжуваме на демократски начин да ја градиме и унапредуваме нашата држава и општество, нашиот модел на функционална мултиетничка демократија, секогаш избирајќи го патот на одговорен и конструктивен чинител во овој дел на Европа водејќи се од регионалните и пошироки интереси и цели, рече во обраќањето Иванов.

Поранешниот бугарски претседател Желев се заблагодари на високото признаение и потсети на причините и околностите под кои Бугарија ја призна Македонија. Желев истакна дека Бугарија продолжува да биде голем поддржувач на Македонија и оцени оти денес кога македонската држава е призната под нејзиното уставно име од 127 земји, меѓу кои и од Русија, САД, Кина и Велика Британија, срамно е да се прават опструкции Македонија да го користи уставното име.

 
Почеток < Пред 171 172 173 174 175 176 177 Следно > Крај
Страница 176 од 177