Новости
Претседателот Кучан на Претседателот Иванов му додели збирка на книги
Понеделник, 14 Декември 2009

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска се сретна со поранешниот Претседател на Република Словенија, Милан Кучан. По повод одбележувањето на денот на независноста на Република Словенија, Претседателот Кучан на Претседателот Иванов му ја додели збирката “Iconotheca Valvasoriana” составена од 17 книги што претставува најголем научен проект на Република Словенија.
На доделувањето на импозантната збирка Претседателот Иванов изрази благодарност затоа што Македонија е една од ретките земји кои што ја добиле збирката “Iconotheca Valvasoriana” - националното богатство на Република Словенија. Се заблагодари и за словенечката поддршка на Македонија во евроинтегративните процеси, како и за забрзувањето на визната либерализација. „Европа ја имаме и на нашиот простор. Ја имаме онаа Европа која пред неколку века била многу пообединета и многу посолидарна од денешна Европа. Се толерирале разликите, се почитувало она што е вредно и се складирало она што треба да остане за идните поколенија“, нагласи Претседателот Иванов.
Поранешниот словенечки Претседател Кучан посочи дека Европа ќе има иднина само ако ги признава различностите на идентитетите и културата. Претседателот Кучан потенцираше дека името, јазикот и идентитетот се суверено право на секој народ, што никој не смее да го оспорува. Европа ќе има иднина само ако ја признава различноста на идентитетите и културите, или идејата за обединета Европа ќе ја нема.
Збирката „Iconotheca Valvasoriana“, претставува колекција од европски графики од Јанез Вајкард Валвазор (1641-1693). Збирката е составена од 17 тома во големи формати и содржи 7.752 научно-критички обработени факсимили од графики и цртежи од врвни европски научници и уметници од 15, 16 и 17 век.
Збирката „Iconotheca Valvasoriana“ ќе се чува во претседателската библиотеката и ќе биде достапна за научниците работници

Изјава по одлуката на Европскиот Совет за визна либерализација
Понеделник, 30 Ноември 2009


Почитувани граѓани,

Денес е голем ден за Република Македонија. Одлуката на Европскиот Совет за визната либерализација е долго очекувано добредојде за нашите граѓани во заедницата на рамноправни и слободни граѓани на Европа.
Визната либерализација претставува огромен чекор поблиску до Европската Унија и го зголемува чувството на заедничка припадност во големото европско семејство. Европа со децении беше извор на сите напредни и демократски идеи, честопати промовирани токму со можноста за директни патувања. Затоа, со радост ја примив веста за конечното симнување на визниот режим за патување низ Европа. Сакам да им се заблагодарам на граѓаните на Република Македонија, за нивното трпение при спроведувањето на неопходните реформи, кои честопати знаеа и знаат да бидат и болни и тешки. Граѓаните покажаа длабоко разбирање дека ова се реформи кои се прават во нивен интерес, и во нивно добро.

Денешниот ден е резултат на исклучителните напори вложени за исполнување на сериозните реформи кои беа побарани од Република Македонија. Би сакал да им честитам на сите институции кои беа ангажирани за брзо и темелно спроведување на потребните мерки.

Владата на Република Македонија и сите надлежни министерства и институции покажаа дека се на ниво на високите стандарди кои беа поставени пред нив. Би сакал да им се заблагодарам и на сите претходните раководства, за нивниот придонес кон денешниот ден.
Им честитаме и на другите две држави, кои заедно со Република Македонија се изборија за овој успех. Се надевам дека наскоро и граѓаните од другите земји од нашиот регион ќе можат да патуваат слободно. Нашата администрација им се става на располагање за размена на позитивните искуства на овој пат.

Конечно, сакам да изразам задоволство што Европската Унија остана достојна на големата визија за обединет и отворен континент. Република Македонија продолжува со исполнување на реформи, со натамошно отворање на своето општество и промовирање на демократските и европски вредности. Се надевам дека, по денешниот успех, ќе продолжи вреднувањето на Република Македонија се до зацртаната цел – полноправно членство во заедницата на европски држави и народи. Сакам јасно да порачам дека Република Македонија и нејзините институции имаат и волја и капацитет и целосно се подготвени да ги отпочнат преговорите за членство во Унијата, и да ги пресретнат и да се носат со предизвиците кои ги носи овој процес.

Ви благодарам

Претседателот Иванов во Ерусалим се сретна со Премиерот Нетанјаху
Среда, 21 Октомври 2009
Претседателот Иванов се сретна со Вселенскиот патријарх Вартоломеј
Недела, 18 Октомври 2009
 
Почеток < Пред 191 192 193 Следно > Крај
Страница 193 од 193