Новости
Jordan-mainpage
Официјална посета на Хашемитското Кралство Јордан – претседателот Иванов на средба со јорданскиот крал, Н.В. Абдула Втори Ибн Ал Хусеин
Недела, 18 Ноември 2018


Jordan18112018Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во Аман беше примен со највисоки државни и воени почести од Кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Н.В. Абдула Втори Ибн Ал Хусеин, во рамки на неговата официјална посета на Јордан.

На средбата стана збор за севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Јордан, а беа разгледани можностите за нивно продлабочување во повеќе области од заеднички интерес.

„За нас е од огромно значење што вие ја признавте Република Македонија под нејзиното уставно име. Тоа многу значи за нас и за нашиот народ, особено за многу Македонци кои живеат во Јордан. Ние како две земји, иако сме на различни простори, и Македонија на Балканот и Јордан на Блискиот исток, се земји кои покажуваат модел на успешен соживот. Хашемитското Кралство Јордан претставува позитивен пример кој придонесува за стабиноста на Блискиот Исток. Затоа, со задоволство можам да истакнам дека соработката на нашите две држави на полето на разузнавањето, размената на информациите за заканите од Блискиот Исток кои доаѓаат во Европа се од огромно значење за нас. За разлика од другите држави кои ја толерираат различноста, во Јордан и во Македонија таа се почитува. Почитувањето на различноста е многу повозвишена филозофија од толеранцијата", рече претседателот Иванов.

„Во мое име, во името на Владата и на народот на Јордан ви посакувам добредојде. Ова е важна посета за нас. Ова е можност за нас да ги надградиме разговорите што ги имавме во Обединетите Нации пред неколку месеци. Главната работа е што имаме силни врски преку нашите студенти што одат во вашата земја и се надевам дека со вашето присуство тука можеме да идентификуваме различни области што можат уште повеќе да не зближат. Политички, имаме многу добри односи, исто така на разузнавачко ниво, и на воено ниво имаме oдредена соработка. Почестени сме што ве имаме тука и би сакал да ви посакам топло добредојде на вас и на вашата делегација и посакувам успех", рече јорданскиот крал Абдула Втори на средбата со претседателот Иванов.

Во рамки на посетата на Јордан, претседателот Иванов ќе оствари средби со премиерот на Кралството Јордан, д-р Омар Разар, со претседателот на Сенатот, г. Фаисал Ел-Фајез, со спикерот на Претставничкиот дом г. Атеф Таравнех, како и со членовите на Претставничкиот дом.

За време на посетата на Јордан, македонскиот претседател ќе одржи предавање во Советот за светски прашања, на тема: „Балканот, Кавказот и Блискиот Исток: Бермудскиот триаголник на Европа", и ќе го посети Бирото за дизајн и развој на Кралот Абдула.

Македонскиот претседател во Јордан е придружуван од сопругата, г-ѓа Маја Иванова, којашто оствари средба со Кралицата на Хашемитското Кралство Јордан, Н.В. Ранија Ал Абдула. Во рамки на Дамската програма г-ѓа Иванова ќе ги посети Фондацијата „Jordan River", невладина организација чијшто фокус е безбедноста на децата и зајакнување на заедницата, како и Детскиот музеј „Јордан", кои се основани од Кралицата Ранија.

zlatno_slavejce_2
Прием за учесниците на 48-то издание на детскиот фестивал „Златно славејче“
Сабота, 17 Ноември 2018
PRM_Ivanov_Makron_01
Претседателот Иванов на одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна
Недела, 11 Ноември 2018

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на покана на Францускиот претседател г. Емануел Макрон, денеска во Париз присуствуваше на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна.

Претседателот Иванов и сопругата, г-ѓа Маја Иванова, изутрината беа пречекани во Елисејската палата од францускиот претседател Макрон и неговата сопруга, г-ѓа Брижит Макрон, по што заедно со присутните шефови на држави и влади се упатија кон Триумфалната капија, каде што се одржа централната свеченост по повод стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна. На церемонијата каде што свое обраќање имаше Претседателот на Француската Република, г. Емануел Макрон присуствуваа над 80 шефови на држави, влади и меѓународни организации, меѓу кои американскиот претседател, Доналд Трамп, претседателот на Европката Комисија Жан Клод Јункер, Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, германскиот канцелар, Ангела Меркел, рускиот претседател, Владимир Путин, претседателите на Србија, Албанија, Косово, и Бугарија, Александар Вучиќ, Илир Мета, Хашим Тачи и Румен Радев, грчкиот премиер, Алексис Ципрас, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган итн.

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, г-ѓа Маја Иванова, вчеравечер присуствуваше на свечената вечера, што за учесниците на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна, ја приреди Претседателот на Француската Република, г. Емануел Макрон.

Ceremonija_100_godini_Prva_svetska_vojna_02


zname
Промовирана првата македонска офицерска сабја за почести во Кабинетот на претседателот Иванов
Четврток, 08 Ноември 2018

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во рамки на церемонијата на свечено менување на државното знаме ја врачи првата македонска офицерска сабја на Командантот на Баталјонот за почести, потполковник Иван Атанасоски.

Промоцијата на првата македонска офицерска сабја за почести е по повод одбележувањето на 75 годишнината од Денот на баталјонот за почести во АРМ. Со првата македонска офицерска сабја за почести, гардиската единица на АРМ денеска го изврши свечениот чин на промена на државното знаме во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.

Автор на првата македонска офицерска сабја за почести е Командантот на Баталјонот за почести, потполковник Иван Атанасоски, а сабјата е дизајнирана од страна на хералдичкиот уметник Стојанче Величковски.

Армиски претставник од Баталјонот за почести во АРМ, истакна дека сабјата ќе има церемонијално значење при пречекот на високи гости, на министри за одбрана, началници на генералштаби и во склоп на церемониите што ги организира АРМ.

zname2„Во рок од 6/7 месеци финализираше изработката на првата македонска офицерска сабја за почести. Работната група ги консултираше Воениот музеј, Архивот на МПЦ и на ИВЗ, соработувавме со Хералдичкото друштво и со хералдичарот кој го изработи дизајнот на сабјата. Соработувавме со Институтот по хемија при Природно математичкиот факултет каде што ни го доверија минералот лорандит да го вградиме во сабјата и со г. Чкартов кој ни даде еден примерок од рубинот кој е исто така вграден во рачката на сабјата. Сите елементи кога ги вклопивме и завршивме, резултираа со денешната прослава за промовирање на сабјата пред претседателот Иванов", рече тој.

Хералдичкиот уметник Стојанче Величковски, дизајнер на првата македонска офицерска сабја, рече дека идејата за вакво дело датира многу одамна и дека тој повеќе од 3 децении врши истражувања во областа на хералдиката.

„Направивме тим кој подолго време работеше на истражување на сите симболи што значат нешто за македонската историја, традиција и култура. Ја имав честа да го креирам симболот на војничката чест и да ги сублимираме во една визуелизација сите наши симболи. Пред се тука мислам на нашиот флорален симбол Quercus macedonica, којшто е аплициран во рачката и симболот на бесконечноста којшто е земен од златната маска од Требеништа. Целата таа композиција е адаптирана да ги претставува македонската историја, култура и традиција, затоа што самиот даб е симбол кој што покажува цврстина, доблест, традиција и истрајност, а сите тие атрибути прилегаат на нашиот македонски народ да бидат ставени во ваков симбол кој што денеска беше промовиран на свеченоста во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија" рече г. Величковски.

zname1Церемонијалната сабја е украсена со уникатен македонски рубин и реткиот минерал на лорандитот од рудникот Алшар. Декоративен орнамент на сабјата е златна ракавица, што по својата форма е во вид на преплет и претставува симбол на бесконечност, а во кружните форми што се образуваат последователно се јавува сонцето како симбол. Формата на штитникот на рачката е инспириран од македонскиот даб, додека неговите транспарентни сегменти ја симболизираат подготвеноста и стремежот на граѓаните на Република Македонија да изградат модерна и транспарентна армија која ќе го штити суверенитетот и интегритетот на Република Македонија.

Во рамки на свеченото менување на државното знаме, на претседателот Иванов му беше подарена првата книга „Почесна гарда на АРМ" посветена на сите припадници на почесната гарда, чиј автор е потколковник м-р Иван Атанасоски, а чија промоција е по повод одбележувањето на Денот на баталјонот за почести и опслужување во АРМ.

На церемонијата при свечената промена на државното знаме во Кабинетот на Претседателот присуствуваа ученици од четири основни училишта од Скопје, ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци", ОУ "Кузман Шапкарев", ОУ „Ѓорѓија Пулевски" и од ОУ „Браќа Миладиновци", како и деца од градинката „Cool Kids".

Наставничката Анета Велковска, од ОУ „Браќа Миладиновци" од Скопје, потенцираше дека присуството на овој настан е од големо значење и практична примена по предметот Државно уредување на Република Македонија, додавајќи дека се обидуваат на учениците да им пренесат негување на свеста за љубов кон својата татковина, почит кон симболите на нашата држава, Република Македонија.

Манифестацијата на промена на државното знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја, Република Македонија.

zname3

PRM_Istanbul_aerodrom_01
Претседателот Иванов на церемонијата на отворање на новиот аеродром во Истанбул
Понеделник, 29 Октомври 2018
premier_3
Претседателот Иванов на средби со чешкиот државен врв: Чешка е вистински пријател на Република Македонија
Петок, 05 Октомври 2018

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на вториот ден од официјалната посета на Чешката Република, оствари средби со претседателот на чешката Влада, г. Андреј Бабиш и со претседателите на Сенатот и на Долниот Дом на чешкиот парламент г. Милан Штех и г. Радек Вондрачек.

На средбата со претседателот на чешката Влада, г. Андреј Бабиш, двајцата соговорници ја потврдија подготвеноста за унапредување на меѓусебното пријателство и поддршка на билатерален и мултилатерален план.

Македонскиот претседател истакна дека Република Македонија особено ја цени конзистентната и принципиелна поддршка од Чешка за нашите врвни стратешки цели - членство во НАТО и ЕУ, како и принципиелната употреба на нашето уставно име.

Претседателот Иванов уште еднаш изрази задоволство од севкупната соработка и поддршка од Чешка за време на бегалската и мигрантската криза.

„Посебно ја цениме соработката меѓу Македонија и Чешка поврзана со мигрантската криза и благодарни сме за доделената помош на македонската полиција за нејзино успешно менаџирање. Ваквата соработка претставува потврда дека Чешка е вистински пријател на Македонија" истакна на средбата претседателот Иванов.

Претседателот Иванов и премиерот Бабиш на средбата разменија информации и мислења во однос на бегалската и мигрантската криза.

pratenicki_dom_2Претседателот на Сенатот на Парламентот на Чешката Република, г. Милан Штех и претседателот на Долниот Дом на Парламентот на Чешката Република, г. Радек Вондрачек, на средбите со македонскиот претседател изразија задоволство од развојот на билатералните односи и дадоа поддршка за остварување на македонските стратешки цели, членството во ЕУ и НАТО.

Првите луѓе на чешкиот парламент изразија подготвеноста за јакнење на соработката меѓу парламентите на двете земји со цел унапредување на законската легислатива во областа на миграциите, како и размена на податоци и искуства во справувањето со мигрантската и бегалската криза.

На средбите беше искажана подготвеноста за продолжување на помошта од Чешка за Република Македонија на нашата јужна граница.

Со денешните активности Иванов ја заврши дводневната официјална посета на Чешката Република. Вчера во Прага македонскиот претседател оствари средба со чешкиот претседател Милош Земан, од каде беа испратени пораки за актуелната политичка состојба во Македонија.
senat_vecera_9

 
Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај
Страница 7 од 197