Новости
Bosnjaci
Претседателот Иванов прими претставници од Бошњачката културна заедница
Четврток, 28 Септември 2017

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод 28 септември - Меѓународниот ден на Бошњаците, денеска прими претставници од Бошњачката културна заедница во Република Македонија.

На средбата беа разменети мислења за севкупната положба на Бошњаците во Република Македонија, како и можностите за унапредување и афирмирање на јазикот и културата на бошњачката традиција.

Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија ги штити интересите на сите свои граѓани и претставува пример за почитување и прифаќање на сите етнички заедници. Воедно, Претседателот ги потенцираше заедничката одговорност за градење на лојалност кон Република Македонија и придонесот кон градење на меѓусебна доверба во општеството.

- Во оваа пригода сакам да го поздравам исклучителниот придонес на припадниците на Бошњачката заедница во економскиот, културниот и општествениот живот во земјава. Ве уверувам дека и во иднина сите државни институции, но и секој поединец ќе остане посветен на натамошна промоција на бошњачката култура и традиција и во создавањето услови за поквалитетен и попросперитетен живот на сите наши граѓани, порача на средбата претседателот Иванов.

Претседателот Иванов го честиташе Меѓународниот ден на Бошњаците како израз на длабоката и реална почит што Република Македонија ја има за своите граѓани кои се дел од бошњачката заедница

Kanonizacija_Rakotinski_001
Претседателот Иванов на церемонија на канонизација на архимандритот Јоаникиј Ракотински
Недела, 24 Септември 2017
Brakja_Manaki_01
Средба со директорот на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“
Вторник, 12 Септември 2017
zname0
Претседателот Иванов: Чувањето на независноста е наша обврска - церемонија на свечено менување на државното знаме
Четврток, 07 Септември 2017

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска присуствуваше на церемонијата на свечено менување на државното знаме на Република Македонија.

На церемонијата што се одржа на платото во Кабинетот на Претседателот присуствуваа ученици од ООУ "Тихомир Милошевски" од Ново Село, Скопје, од ООУ "Александар Здравковски" од Јегуновце и од ООУ "Ѓорѓија Пулевски" од општина Аеродром.

Во пресрет на 8 септември - Денот на независноста на Република Македонија, претседателот Иванов им се обрати на присутните и им го честиташе утрешниот празник.

- Пред 26 години, на 8 септември го остваривме нашиот вековeн стремеж за слободна и независна македонска држава. 26 години вложуваме во нашата татковина, во безбедноста и сигурноста на нашите граѓани. Ја негуваме традицијата на соживот и на почитување на различностите. Чувањето на независноста е наша обврска, без оглед што носи времето. Успеавме да поминеме многу предизвици, и ќе има многу предизвици. Но и нив само сплотени ќе ги надминеме, порача претседателот Иванов.

zname1За иднината на нашите поколенија, додаде македонскиот претседател, мора да ја направиме Македонија економски силна, напредна и успешна држава. - Македонија членка на ЕУ и НАТО. Држава во која младите ќе можат да ги реализираат своите стремежи и да ги остварат своите соништа. Држава во која младите ќе можат да добијат квалитетно образование, работа и услови да формираат семејства и да имаат потомство, рече претседателот Иванов.

- Заедно да носиме нови знаења, нови технологии и нови инвестиции во Македонија, да отвораме нови пазари за македонските производи,за повеќе работни места и поквалитетен живот во Македонија, истакна претседателот Иванов и порача дека тоа може да го оствариме само со единство и одговорен пристап од сите, на кое најгласно не потсетува утрешниот голем ден.

Промената на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот на традиционален начин го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија.

Манифестацијата на промена на државното знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.

zname2

Mladi_lideri_PRM_web
Претседателот Иванов: Лидер е оној што предводи, што создава тимови и нуди решенија
Среда, 06 Септември 2017

Лидер е оној што предводи, што создава тимови и нуди решенија. Во зависност од тоа колку ве следат, толку е вашата моќ да бидете лидери. Има многу луѓе, кои имале многу идеи, но немале следбеници. Тие што создаваат проекти и визии и кои ги следат, тие се предводници, тоа се лидери, им порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге  Иванов на учесниците 12 . Економскиот форум на млади лидери во Нови Сач, Полска, каде говореше како специјален гостин.

-Не барајте изговор дека вашето време допрва доаѓа, вашето време е сега. Сето ваше знаење и искуство што го имате треба да биде применето, бидејќи вашата генерација,  со животот на преминот од еден во друг милениум, создаде кај вас поединци кои се многу поинвентивни и покреативни од сите претходни генерации, рече македонскиот претседател во обраќањето пред младите лидери.

Во овој период на доминација на стравот друга идеја која може да ги мобилизира луѓето е идејата за надежта, рече Иванов, додавајќи  дека  надежта доаѓа од оние кои ја гледаат иднината од аспект на сегашноста. Така што вие не сте генерација на иднината, вие сте генерација на сегашноста, порача шефот на државата.

Напредок во технолошките иновации, растечката демографија, незапирливите миграции, рапидната урбанизација, климатските промени, посочи претседателот Иванов се дел од големите промени предизвиците со кои ќе се соочуваат младите, а најголемиот предизвик за тн. милениумците е преносот на идеите и вредностите од минатото.

- За разлика од претходните генерации, вие одбивате слепо да им верувате на авторитетите. Тоа е прв услов за критичко размислување. Вие не сте заложници на стереотипите и предрасудите на постарите генерации, рече македонскиот претседател.

Восхитен сум од вашата самодоверба, храброст и подготвеност да бидете социјално активни за бројни прашања, за кои претходните генерации не сакале да ги искажат своите ставови,  додаде македонскиот претседател. Но, глобализацијата доведе да се создаде генерација која е онлајн со виртуелниот свет, но офлајн со реалниот свет.  Затоа,  ве охрабрувам да го канализирате уникатниот потенцијал на вашата генерација за достигнување на трајните вредности, наместо минливите виртуелни илузии, порача претседателот Иванов. Mladi_lideri_PRM_web2

На прашањето што би направил тој да е на нивно место, претседателот Иванов ја посочи Школата за млади лидери, како негова лична иницијатива и инвестиција во образованието на младите.

- Пред неколку дена заврши осмата генерација на Школата. Во таа Школа досега поминаа и се стекнаа со лидерски вештини и знаења околу 320 млади луѓе од Македонија. Тоа е мојот влог во иднината,  истакна претседателот Иванов.

Како специјален гостин на Економскиот форум на млади лидери што се одржува по 12 пат, ќе се обрати и полскиот  премиер, г-ѓа  Беата Шидло.

Претседателот Иванов, вчера во Крињица-Здруј, учествуваше и се обрати на 27. Економски форум, и оствари билатерална средба со претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда.

PRM_Duda_1
Иванов-Дуда: Интеграцијата во ЕУ и НАТО е основен приоритет на Македонија, реафирмирана полската поддршка
Вторник, 05 Септември 2017

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во рамки на работната посета на Република Полска, во Крињица-Здруј оствари средба со претседателот на Република Полска, г. Анджеј Дуда.

На средбата двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Полска, при што беше оценето дека двете земји имаат одлични политички односи и соработка во бројни области. Во таа насока, претседателот Иванов оцени дека одбележувањето на 25 годишнината од воспоставувањето на билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Полска во 2018 година ќе биде добра можност за подигнување на нивото на соработка, вклучително преку реализација на официјална средба, како и реализација на бизнис-форум на кој ќе бидат разгледани можностите за интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена.

Претседателот Иванов и Претседателот Дуда разменија мислења за европските и евроатлантските перспективи на регионот. Во тој контекст, македонскиот претседател изрази очекување Република Полска да помогне во деблокирањето на евроинтегративниот процес на Република Македонија.

Интеграцијата во Европската Унија и во НАТО останува основен надворешно - политички приоритет на Република Македонија. Отворањето на пристапните преговори со Европската унија ќе даде силен импулс за натамошна трансформација на македонското општество и ќе биде најдобар одговор пред предизвиците со кои се соочува земјата. Како одговорен член на меѓународната заедница и земја кандидат за членство во НАТО, Република Македонија веќе се однесува како de facto член на НАТО, давајќи активен придонес во мировните операции на Алијансата. Членството на Република Македонија во Алијансата е одамна заслужено, посочи претседателот Иванов на средбата.

Полскиот претседател Дуда нагласи дека Република Полска секогаш ги поддржува европските и евроатлантските апсирации на Република Македонија.

На средбата претседателот Иванов истакна дека Република Македонија исклучително ја цени поддршката што земјите од Вишеградската група ја дава за земјата во рамки на институциите на Европската Унија.

Претседателот Иванов изрази благодарност за помошта од Република Полска во менаџирањето на мигрантската и бегалска криза и за понудената помош во справувањето со последиците со поплавите во скопскиот регион во 2016 година.Македонскиот претседател го реафирмираше интересот за развој на соработката во одбраната.

На средбата беа разменети мислења за можностите за соработка по повеќе сфери од заеднички интерес.

PRM_Duda_4

 
Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај
Страница 8 од 179