Јавен повик за доставување на пријави за избор на „Најдобар млад научник“ за 2016 година
Сабота, 12 Ноември 2016   

_2015Признанието го доделува Претседателот на Република Македонија, како поттик на научната и истражувачката мисла на младите во Република Македонија.

Јавниот повик ги опфаќа сите лица кои што заклучно со 2016 година навршуваат 30 години, а кои во досегашната научна работа имаат постигнато значајни научни резултати.

Кандидатите кои се пријавуваат на огласот потребно е да достават доказ за исполнување на еден или повеќе од доленаведените услови:

• награда и или признание за научно истражувачка работа,
• објавени резултати од научно истражувачка работа
• применетост на резултатите од научното истражување за тековната 2016 година.

Горенаведените материјали заедно со биографија и уверение за државјанство на Република Македонија да се достават во еден печатен и еден електронски примерок (CD)

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање

Документите да се достават до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најдоцна до 31.12.2016 година.

Кабинет на Претседателот на Република Македонија
(Комисија за „Најдобар млад научник")
„Вила Водно"
Ацо Караманов 33 А
МК-1000 Скопје

_2016_-_

  Back<<Назад