Средба со потпретседателот на српскиот парламент, амбасадорот на Република Србија и припадници на српската заедница во Македонија по повод Свети Сава
Петок, 27 Јануари 2017   

Sredba_srpska_zaednicaПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод празникот Свети Сава, денеска ги прими потпретседателот на Собранието на Република Србија г. Верољуб Арсиќ, амбасадорот на Република Србија во Република Македонија, г-а Душанка Дивјак – Томиќ и припадници на српската заедница во Република Македонија.

Честитајќи го празникот Свети Сава, македонскиот претседател истакна дека Република Македонија е пример на овие простори како се почитуваат и како се прифаќаат етничките заедници, вклучително и српската. Тој подвлече дека Македонија и Србија имаат долга историска и културна традиција која не може да биде нарушена поради различни ставови по некое прашање и дека онаму каде што постојат различни ставови и мислења треба да се решаваат преку дијалог.

Припадниците на српската заедница во Република Македонија се заблагодарија за приемот како и за континуираната поддршка и соработка со државните институциите во Република Македонија.

На средбата беше заклучено дека и во иднина ќе продолжат да се негуваат меѓусебните односи на Македонија и Србија, во духот на добрососедството и блиската соработка меѓу двата народа.

  Back<<Назад