Иванов – Човиќ: Неопходно е зајакнување на економската соработка
Петок, 02 Јуни 2017   

covik_1Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со членот на претседателството на Босна и Херцеговина, г. Драган Човиќ.

Двајцата соговорници констатираа добра билатерална соработка меѓу двете земји, без отворени прашања, и изразија заемен интерес за јакнење и продлабочување на соработката во сите сфери од заеднички интерес, со посебен акцент на економската соработка.

На средбата беа разменети мислења за состојбите во регионот, во контекст на актуелните предизвици и евроатланските перспективи на земјите. Членот на Претседателството на БиХ го запозна претседателот Иванов со актуелните политичко-економски состојби во Босна и Херцеговина и со клучните предизвици на земјата во наредниот период. Во таа насока, беа реафирмирани заложбите за натамошна меѓусебна помош, поддршка и соработка, со цел побрзо исполнување на стратешките цели на двете земји.

На средбата  беше изразена загриженост од одредени ретроградни процеси, кои во актуелниот момент, кога Европа и регионот се соочуваат со сериозни безбедносни предизвици, можат дополнително да ги влошат состојбите и односите во регионот.

Двајцата соговорници констатираа дека забрзана интеграција на регионот и фокусираност на инфраструктурните поврзувања е неопходно за политичка, економска и безбедносна консолидација во регионот на југоисточна Европа

  Back<<Назад