Средба со делегација од Администрацијата за цивилно воздухопловство на НР Кина
Понеделник, 14 Август 2017   

ACV_NR_KinaПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со делегација од Администрацијата за цивилно воздухопловство на НР Кина, предводена од г. Ванг Жикинг, заменик администратор на Администрацијата за цивилно воздухопловство на Народна Република Кина. Од македонска страна на средбата присуствуваше и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, г. Горан Јандреоски.

Претседателот Иванов беше информиран за целта на посетата на делегацијата од НР Кина, за посветеноста на двете Агенции за интензивирање на соработката и размена на информации и искуства во областа на безбедноста во авиосообраќајот, можност за обуки на персоналот, како и можноста за директни летови, како и за можноста за потпишување на договор помеѓу двете агенции.

Заменик администраторот Жикинг истакна дека Република Македонија не само што е пријателска земја, туку и е исклучително важна за големиот проект "Еден појас еден пат", и во тој контекст соработката во сферата на цивилно воздухопловство има значајна улога.

Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија придава особено внимание на развојот на односите со НР Кина, и како Претседател во континуитет дава поддршка на сите иницијативи кои придонесуваат за продлабочување на соработката меѓу двете земји. Во тој контекст ја поздрави соработката меѓу двете Агенции.

  Back<<Назад