Писмо со сочувство до претседателот на Арапската Република Египет г. Абдел Фатах Ал Сиси
Понеделник, 10 Април 2017   

PRMsocustvoПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати писмо со сочувство до претседателот на Арапската Република Египет г. Абдел Фатах Ал Сиси, по повод терористичките напади во Танта и Александрија:

Со длабока тага и чувство на огорченост ја примив веста за терористичките напади на 9 април во Танта и Александрија и искрено жалам за загубените животи од овие злосторнички акти.

Нападите против христијанската заедница во Египет се истовремено напад против слободата на религијата, мирниот соживот и единството на Вашата земја. Насилството во име на која било религија е насилство и против таа иста религија. Силно ги осудувам овие терористички напади и искрено се надевам дека додека Арапската Република Египет поминува низ овие тешки моменти, целата меѓународна заедница ќе работи заедно во борбата против злото и во насока на интензивирање на постоечката соработка против тероризмот.

Во овие тажни моменти, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое лично име да Ви упатам изрази на длабоко сочувство, а на повредените да им посакам брзо закрепнување. Сакам да Ве уверам дека мислите на македонските граѓани се со Вас и со пријателскиот народ на Египет.

Ве молам, господине Претседателе, изразите на сочувство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите.

д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад